republic-of-macedonia

Алкалоид

01

СКОПЈЕ

- Елаборати за анализа на загрозеност од пожари и експлозии со проценка на ризик и мерки за нивно спречување во Таблетно 1, Таблетно 2, АПИ...
- Технички прегледи и периодични испитувања.
- Едукација од областа на противексплозивната заштита.

Пивара АД

02

СКОПЈЕ

Технички прегледи и периодични испитувања

Фабрика
Coca-Cola

03

СКОПЈЕ

Технички прегледи и периодични испитувања

Џонсон Мети

СКОПЈЕ

04

- Елаборат за Анализа на опасноста од експлозија со одредување на зоните на опасност проценка на ризикот од експлозија и мерките за нејзино спречување
- Едукација од областа на противексплозивната заштита.

Вабтек МЗТ

скопје

05

- Елаборат за Анализа на опасноста од пожар и експлозија, проценка на ризикот од пожар и експлозија и мерките за нејзино спречување во одделението за бојадисување, Јануари 2018
- Едукација од областа на противексплозивната заштита.

Градски стадион

06

СКОПЈЕ

Мерење на осветление согласно препораките на УЕФА

Окта

07

СКОПЈЕ

Едукација од областа на противексплозивната заштита

Бензинска Лукоил

08

СКОПЈЕ

Технички прегледи и периодични испитувања

ЕКС ФИС Македонија

09

СКОПЈЕ

Технички прегледи и периодични испитувања

Петрол Љубљана

Приштина, косово

10

Елаборат за проценка на ризикот од експлозија и мерки за нивно спречување, Април 2018

склад Косово

11

Фабрика
Пивара

СКОПЈЕ

Технички прегледи и периодични испитувања

постројка за обработка на отпадни води

ЈП Струмица гас

12

СТРУМИЦА

Технички прегледи и периодични испитувања, Ноември 2012

Te-To гасна централа

13

СКОПЈЕ

Технички прегледи и периодични испитувања

БИТОЛА

14

пелагонија Енергија - БиоГас Центар

Технички прегледи и периодични испитувања, Февруари 2015

Van hool

15

СКОПЈЕ

Технички прегледи и периодични испитувања

ТИТАН - Цементарница Усје

16

СКОПЈЕ

Елаборат за загрозеност од експлозии и мерки за нивно спречување, Хоризонтална и Вертикална мелница, Март 2014

Хотел Изгрев

Струга

17

Технички прегледи и периодични испитувања, Декември 2017

Кине + Нагел

скопје

18

- Технички прегледи и периодични испитувања.
- Проценка и план за заштита и спасување
- Правилник за заштита од пожари и експлозии

Тондах Македонија

виница

19

Елаборат за проценка на ризикот од експлозија и мерки за нивно спречување, Мај 2018

Винд Парк

БОГДАНЦИ

20

Технички прегледи и периодични испитувања – заштитно заземјување, Март 2014

Прилепска Пивара

Скопје

21

Технички прегледи и периодични испитувања – заштитно заземјување, Октомври 2012

дистрибутивен центар

Витаминка

ПРИЛЕП

22

Упатство за безбедна и сигурна работа при манипулација и реакување со уредите на постројката за ТНГ и преточување на горивото од автоцистерна во складишниот резервоар за ТНГ, Ноември 2011

НАС МБД

СКОПЈЕ

23

- Упатство за заштита при работа и мерките за заштита од пожари при чистење на резервоарите, цистерните и други садови што се користат за сместување на запаливите течности, Март 2011
- Технички прегледи и периодични испитувања.

Нова Енергија ДОО

СКОПЈЕ

24

Електроенергетски објекти, Ветроелектрани - СТРУЧНО МИСЛЕЊЕ за примена на техничката регулатива од областа на заштита при изведба и погон во поглед на влијанието на блиски нафтоводни цевоводи, гасоводи и други објекти, Мај 2008 год.

Безбедноста на клиентите и нивниот имот е наша примарна заложба

Услуги

EX

Изработка на Елаборат за класификација на просторот во Зони на опасност од експлозија, со мерки за нејзино спречување.

ikoni B 2

Стручни мислења и сугестии​

ikoni B 3

Елаборат за заштита од пожари и експлозии

Технички преглед и периодични испитувања

ikoni B 5

Едукација од областа на противексплозивната заштита

EX_yellow_black

Избор и селектирање на опрема и заштитни системи во дефинираните зони на опасност

Новости

Сертификати и Решенија

За нас

Ех Изведба Инженеринг е агенција со долгогодишно искуство во областа на противексплозивната заштита во Република Македонија.

ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ е правно лице формирано 17.04.2007 година, со седиште на ул. Никола Тримпаре бр.27а Скопје и е регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија.

Мисијата на ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ е да им овозможи на клиентите навремени услуги, со највисок можен квалитет и постојано задоволувајќи ги критериумите на професионалното однесување.

Целите на ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ се преку високо квалитетна работа да се обезбеди доверба кај клиентите во функција на подобрување на состојбата, а пред се, на безбедноста на опремата која е во употреба или има намера да се употребува, а особено безбедноста на персоналот коишто со неа ракува.

Транспарентноста и достапноста, независноста и непристрасноста, индискриминацијата, доверливоста и заштитата на податоците се принципите врз коишто е заснована работата на ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ.

Обврска на вработените на ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ е постојано задоволувањена барањата на стандардот EN ISO/IEC 17020, Упатство за користење на стандардот IAF/ILAC А4:2004, МКС EN 60079-X, МКС EN 60364-6.

ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ соработува и разменува информации и искуство со други слични тела во земјава и во странство.

Камен темелник на Политиката за квалитет на ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ е уверувањето дека високиот квалитет на услугите е резултат на колективниот напор и посветеноста на сите членови на тимот.

Реализацијата на: мисијата, целите, принципите и услугите, ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ги постигнува преку постојано програмирање и подобрување на работните постапки и системот за квалитет, со настојување да се понудат брзи и квалитетни услуги.

Вработените се обврзани за доверливост на информациите кои ги добиваат од клиентите при извршување на работните активности.

Профил на компанијата

Ех Изведба Инженеринг ДООЕЛ Скопје е правно лице формирано 17.04.2007 година и е регистрирано според важечката законска регулатива во Р.Македонија, со ЕМБС 6220606. Согласно Тековната состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица, приоритетна дејност е 71.20 Техничко испитување и анализа. Ех Изведба Инженеринг ДООЕЛ остварува соработка со голем број на сродни фирми и здруженија од Европа и пошироко, како и голем број на стопански субјекти во земјава и надвор од неа. ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ располага со соодветен простор, опрема и кадар за вршење на работите, во согласност со важечката законска регулатива, националните и меѓународни стандарди, барањата на стандардот MKS EN ISO/IEC17020. ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ е водечка фирма за противексплозивна заштита составена и водена од професионалци кои своето долгогодишно искуство и образование го имаат стекнато во земјата и странство. Една половина од нашиот кадар се инженери со долгогодишно искуство во индустријата, и соодветна специјалистичка едукација. Другата половина од нашиот кадар се искусни техничари, кои можат да се справат со сите предизвици на анализата и испитувањето на постројките. Настапуваме како компактен тим, навремено и со највисок квалитет завршувајќи ги работните активности. Знаењето, искуството, квалитетот и брзината во изнаоѓањето на решенија за проблемите на нашите клиенти се секогаш одлика на нашето работење и овие параметри ја даваат нашата компаративна предност пред конкуренцијата во Македонија. Ех Изведба Инженеринг ДООЕЛ Скопје има развиено деловни односи со домашни и странски специјализирани организации и експерти кои може да ги вклучи во изработка и реализација на проекти. Исто така, во зависност од обемот, динамиката и договорените рокови на преземените работи, Ех Изведба Инженеринг ДООЕЛ ангажира надворешен тим на експерти и/или висококвалификувани работници за навремено изведување на работите. На барање на инвеститорите Ех Изведба Инженеринг ДООЕЛ Скопје дава консултантски услуги во сите фази на изведба и одржување на објекти. Во досегашната работа, наши клиенти на домашниот пазар се: Пивара Скопје АД, Алкалоид Скопје АД, ТЕТО АД, Топлификација АД, БЕГ, Цементарница Усје Скопје, Лукоил, Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово, како и повеќе фирми од приватниот сектор во земјава.

Контакт

Никола Тримпаре бр.27а
1000, Скопје
Македонија

Тел.: +389 2 3220 471
Факс: +389 2 3220 471
Моб.: +389 75 399 153
e-mail: info@exii.mk