Технички преглед и периодични испитувања на опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба во потенцијално експлозивна атмосфера врз основа на Решение од Министерство за Економија на Р.Македонија.
Стручни мислења, и сугестии со Заклучок за кое компетентноста ни е потврдена со акредитација по EN ISO/IEC 17020
Технички преглед и периодично испитување на производи и постројки наменети за работа во експлозивни атмосфери;
Прв, периодичен и вонреден технички преглед на извори на испуштање на запаливи и експлозивни флуиди како и степен на дегазираност на резервоари и цевни инсталации од гасови на јагленоводороди и кислород;
Инспекција на нисконапонска електрична инсталација – обична и Ех изведба;
Инспекција на заштитно заземјување;
Инспекција на систем на громобранска инсталација;
Испитување на микроклиматски услови во работна средина;
Испитување на осветление на спортски објекти и сообраќајници за пешачки сообраќај;
Испитување на нисконапонска електрична инсталација и дополнителни заштитни мерки против превисок допирен напон во простории наменети за медицински цели;
Елаборати за загрозеност од пожари и експлозии и мерки за нивно спречување во согласност со МКС EN 1127-1, со класификација на Зони на опасност, како што се налага во ATEX 137.
Проекти за заштита од пожар и експлозија.
Едукација за основните принципи на Противексплозивназаштита на проектанти и извршители кои работат во средини загрозени од експлозивна атмосфера.
Избор и селектирање на опрема и заштитни системи во фазата на проектирање на нови објекти во кои што постојат експлозивно загрозени подрачја, или модификација на постоечките, со цел за минимизирање на ризикот од експлозија на прифатливо ниво, врз основа на извршената класификација на Зони на опасност согласно Елаборатот за загрозеност од пожари и експлозии.