Печати

ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ е правно лице формирано 17.04.2007 година, со седиште на ул. Никола Тримпаре бр.27а Скопје и е регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија.

Мисијата на ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ е да им овозможи на клиентите навремени услуги, со највисок можен квалитет и постојано задоволувајќи ги критериумите на професионалното однесување.

Целите на ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ се преку високо квалитетна работа да се обезбеди доверба кај клиентите во функција на подобрување на состојбата, а пред се, на безбедноста на опремата која е во употреба или има намера да се употребува, а особено безбедноста на персоналот коишто со неа ракува.

Транспарентноста и достапноста, независноста и непристрасноста, индискриминацијата, доверливоста и заштитата на податоците се принципите врз коишто е заснована работата на ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ.

Обврска на вработените на ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ е постојано задоволувањена барањата на стандардот EN ISO/IEC 17020, Упатство за користење на стандардот IAF/ILAC А4:2004, МКС EN 60079-X, МКС EN 60364-6.

ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ соработува и разменува информации и искуство со други слични тела во земјава и во странство.

Камен темелник на Политиката за квалитет на ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ е уверувањето дека високиот квалитет на услугите е резултат на колективниот напор и посветеноста на сите членови на тимот.

Реализацијата на: мисијата, целите, принципите и услугите, ЕХ ИЗВЕДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ги постигнува преку постојано програмирање и подобрување на работните постапки и системот за квалитет, со настојување да се понудат брзи и квалитетни услуги.

Вработените се обврзани за доверливост на информациите кои ги добиваат од клиентите при извршување на работните активности.

 

Top of the page